Претседателе треба да ви е срам, гледам како се фалите по медиуми како голем успех сте направиле со К.К Куманово за време додека сте на функцијата претседател на клубот. Еве претседателе ние јавно ве прашуваме каков успех има К.К Куманово за време на вашето раководење. Па губите од клуб кој до вчера играше во втора лига, клуб кој го немаше на кошаркарската мапа на Македонија и вие ни зборувате за некаков си успех.
Вчерашниот противник на К.К Куманово за време од три години направи многу повеќе успех отколку вие за 6-годишното раководење. Тој клуб успеа да освои титула во купот на Македонија, играше Јадранска лига, каде што достојно се претстави, па сега дури играат и во ФИБА натпреварувањето, а каде е Куманово?? А да не зборуваме за условите во спортската сала за која секој натпревар добиваме казни.

Вие ни зборувате за успех, се фалите како сме биле втори во Балканската лига, една аматерска лига, која сите добро знаеме зошто се и натпреварувате во неа, да си исперете некоја пара, да си наместите некој натпревар. На секој пораз тебе ти се виновни судиите.
Клубот стагнира, секоја година ветувате некакви си високи амбиции, додека клубовите кои немаат ниту историја не победуваат.
Вие ПРЕТСЕДАТЕЛЕ немате никакво искуство со кошарката, ниту познавање од овој спорт. Кумановската публика јасно ви стави до знаење вчеравечер што мисли за вас, време е да го препуштите клубот на некој што има познавање од кошарката и што знае како треба да се раководи еден клуб како Куманово.

Не ја потценувајте кумановската публиката, бидејќи во иднина ќе имате само празна сала, бидејќи само тоа и го заслужувате. Запрашајте се зошто го снема „Кумановскиот ПЕКОЛ“ , во нашата сала клубот беше непобедлив, имате еден куп лоши потези. Ги критикувате најверните навивачи „Кумани“, но тие отсекогаш се тука за клубот, без никаква цел за профит. За крај да ви кажеме дека тој клуб не ви припаѓа на вас, за да си ги исполнувате вашите партиски цели.

Comments
Post a Comment