Доста молк ! Реновирање на спортската сала

Доста молк ! Сите зборуваме за тоа дека сме најкошаркарски град, град на спортот, тоа го имаме докажано многу пати овие години, кумановски клубови последниве години бележат успеси, но редно да се запрашаме во какви услови се наоѓа нашата спортска сала. Сала пропаѓа од ден на ден, а никој за тоа не зборува, соблекувалните и тоалетите се хаос. Салата протекува од сите страни од еден дожд, клупите се целосно искршени.
Сезонава игравме фиба-еврокуп каде излезе снимка од страна на полскиот тим, кој ни се потсмева на нашиот паркет за кој не знаеме од кога не е сменет.
За успешните кумановски екипи потребни се одлични услови, кои за жал Куманово се уште ги нема. Крајно време е да се отвори оваа прашање доста беше молчење, Куманово сака и мора да добие реновирана спортска сала.

Comments