Денеска Арбитражната комисија ги прифати двете жалби кои нашиот клуб ги упати за натпреварот со Карпош соколи од првото коло во суперлигата, поради фактот дека комисијата за натпреварување уште во стартот ги прекршила пропозициите со одложување на натпреварот помеѓу Карпош соколи и Куманово.
Исто така вклучувајќи го второто коло кое беше со неправилности поради нерешеноста на правната постапка за првото коло.
Не е јасно уште зошто комисијата ги прекрши пропозициите за натпреварување, дали пак таа ги знае пропозициите или пак имаше некаков притисок.
Сепак проблемoт уште не е решен сега повторно на ред ќе биде комисијата која треба да одлучи за статусот на Карпош соколи, а со тоа и за натпреварот од првото коло помеѓу Карпош соколи и Куманово.
Со овој потег арбитражата докажа дека Куманово цело време беше во право кога и ги укажуваше "грешките" на комисијата за натпреварување, исто така и кога бараа одложување на целото второ коло.
Не е јасно уште зошто комисијата ги прекрши пропозициите за натпреварување, дали пак таа ги знае пропозициите или пак имаше некаков притисок.
Сепак проблемoт уште не е решен сега повторно на ред ќе биде комисијата која треба да одлучи за статусот на Карпош соколи, а со тоа и за натпреварот од првото коло помеѓу Карпош соколи и Куманово.
Comments
Post a Comment