Соколите "искубани" во Куманово !

Eкипата на Куманово славеше победа над Карпош Соколи во дерби дуелот од 24.коло на Првата мекедонска кошаркарска лига.

На средбата одиграна вечерва во Куманово, кошаркарите на Куманово славеа триумф со 94-88 со кој се доближија на само една победа помалку од вечерашниот ривал во трката за второто место на табелата.

Најдобар поеднинец беше репрезентативецот Бојан Трајковски со дабл-дабл учинок со 26 поени и 11 скокови. Двоцифрен број на кошеви во поедничката екипа дадоа Мандиќ, Караџовски, Симоновски (13) и Костоски (12).

Прв играч кај клубот од Скопје беше Соколов со 18 поени и 4 скокови.



Comments