До кога бе пријателчиња од управата, до кога бе "газди" ќе ја срамите спортската јавност во Куманово, ајде прифативте да играте еврокуп.. да прифативте.. ама дали размисливте.. имаме ли ние услови за тоа.. имаме ли парички за сето тоа.. или ајде да ги мачкаме очи на љубителите на кошарка .. зарем требаше такво големо залче да се земе.. со оваа статија не сакам да ги потценам сегашните играчи на Куманово туку сакам да прашам дали со 7,8 играчи се игра еден Фиба-еврокуп.
Се нарекувате клуб со традиција, клуб со најдобрата публика, клуб со најдобрата атмосфера.. кошаркарско Куманово.. таа бројна публиката сака да види пресконференција, да се слушнат плановите на клубови, ако веќе и ги има тие планови.
Се фалите со тој еврокуп.. а одложувате официјални тренинзи.. која непрофесионалност само.. во салата нема струја.. па ајде ќе ги собереме играчите нека стојат позади камерите... па зар и нив да ги срамите, па кој во иднина ќе сака да го облече дресот на Куманово во било кој спорт со таков однос..
Се прашуваме дали ја заслужувате кошаркарската публиката со ваков однос кон нив..
Comments
Post a Comment