КК Куманово вчеравечер забележа клучна победа против екипа на Кожув.Со оваа победа кумановци остануваат на трета позиција, со што e направен уште еден чекор до плејофот.
Гостинот фантастично го отвори натпреварот и користејќи ги промашувањата на Богоев и Пековиќ, по само две минути веќе водеше со 10-0 преку поените на Мандиќ, Костоски и Филиповиќ. Иако Кожув брзо се рехабилитираше од слабиот почеток и успеа со серија од 14-4 да изедначи, кумановци со нова низа на поени во втората четвртина повторно направија двоцифрена разлика, која на полувремето изнесуваше високи 15 поени (46-31). По паузата, Кожув ја консолидираше играта а кам-бекот дојде во четвртата четвртина кога преку петте поени во низа на Шепа и реализациите на Гоцевски и Брчков, домаќинот на минута до крајот изедначи на 80-80. Сепак, во последните 60 секунди, Куманово преку Луковиќ и Караџовски ги погоди своите 6 слободни фрлања, а додека Божовиќ и Брчков успеаја да реализираат по едно слободно, кумановци направија разлика од 86-82, недостижна за противникот на преостанати 20 секунди. Богоев со шут за два поени само намали до крајот и ги постави конечните 86-84 за Куманово.

Comments
Post a Comment