На чекор до плејофот

Со вчерашната победа против скопската екипа на Карпош соколи, Куманово е сега на чекор до осигурување на местото во првите четири екипи кои ќе се разигруваат за борба за титулата.
Кумановци со оваа победа сега се на два бодови пред Фени Индустри и Карпош соколи.
Кошаркарите на Куманово лошо ја отворија првата четвртина, за да подоцна во втората ги вратат сите конци во своите раце и стекнат убава предност.
Bo вториот дел од натпреварот кумановци не дозволија никакво изненадување и мирно го приведоа крајот на натпреварот.
Следното коло е веќе во среда 06.05 Куманово ќе биде гостин на Кожув.

Comments