Задолжително присуство!

Поразот од вчера веќе е заборавен,се случи лош ден,на кој се приклучи и судиската тројка. МЗТ Скопје поведе со 1-0 во финалната серија но тоа никако не смее да ги отпише кошаркарите на Куманово,напротив треба да им влее мотивација и желба за борба. Кумановската публика што вчера беше присустна во салата Јане Сандански само докажа колку навивачите го чекаат тој момент. Мораме да признаеме дека и нашите кошаркари малку потфлија,но затоа имаме повторна шанса и тоа на домашен терен веќе утре. Време е и МЗТ да го осети пеколот,во кој падна Работнички. Затоа ве повикуваме на големото финале утре 19.00часот спортска сала Куманово,присуството е задолжително.



Comments