Кошаркарите на Куманово денеска во 19.00ч во Спортска сала ја пречекуваат екипата на Кожув.
Овој натпревар е од второ коло кое кумановци го бојкотираа заради проблемите во македонската кошарка.
Куманово пред само две дена изгуби од скопската екипа на Карпош соколи во продолженијата откако кумановци водеа и со 18 разлика.
Денеска им е повеќе од потребна победа на нашите момци за да можат да обезбедат место во првите 4 екипи.
Затоа ве повикуваме денеска сите да ја наполниме Спортска сала и да го бодриме нашиот тим.

Comments
Post a Comment