Кожув падна во Куманово

Вчеравечер во Спортската сала во Куманово се одигра и заостанатиот натпревар од второто коло во кое нашата екипа го пречека гевгелискиот Кожув на кој што му зеде "мерка".

Кумановци ја изгубија прва четвртина, но подоцна втората ја добија со 30:7 со што практично кумановци го решија натпреварот.Останатиот дел од натпреварот го одиграа рутински.
Ова победа е значајна за кумановци со што тие останаа во игра за плејоф-от.
Урош Луковиќ, Вукашин Мандиќ и Саша Аврамовиќ со по 16 постигнати поени беа носители 
на победата на Куманово. Меѓу поистакнатите беа и Јанески и Џекиќ со по 9 поени, додека 
Караџовски додаде 7 поени со 6 асистенции и 5 скокови. Кај Кожув, Владимир Брчков и 
Алексеј Нешовиќ реализираа по 13 поени, додека Милан Јанушевиќ мечот го заврши со 12 
поени. Двоцифрен беше и Божовиќ со 10 постигнати поени.

Конечниот резултат на семафорот беше 82:67 за домашната екипа.

Comments