Куманово пак ќе "бојкотира"?

Денеска нашиот клуб имал седница на УО на кој одлучиле сепак да не го одиграат натпреварот со Кожув кој е закажан за 19.00ч.
Исто така вчера и КК Работнички најави дека нема да го игра својот натпревар со Карпош соколи кој треба да се игра еден час пред гореспоменатиот.

Причината поради која кумановци не сакаат да излезат на терен е не добивање на одговор од Арбитражната комисија по поднесената жалба п одлуката на Комисијата за натпреварување при МКФ за регистрирање на натпреварот КК Карпош Соколи-КК Куманово 2009 Куманово.
Со тоа за нив оној натпревар од првото коло не е завршен со што би немало услови да се одигра второто коло.

Сепак од МКФ не излегуваат со конкретни информации за одржување на колото,па ни останува да видиме дали тимовите на Работнички и Куманово ќе останат доследни на своите најави.

Comments