По вчерашниот неодигран натпревар меѓу Куманово и Карпош Соколи на кој нашиот тим не се појави веќе утре ги чека нов предизвик, а тоа е екипата на Кожув која во средата испадна од полуфиналето на Балканската лига.
Кумановци се одлучни овој дуел да го одиграат, а сепак да бараат судски процес за натпреварот против Карпош Соколи во кој се убедени дека правдата е на нивна страна.
Нашиот клуб очекува полна сала за овој натпревар кој се игра во 19.00ч воедно и ние ги повикуваме кумановци да ја наполниме Спортска сала и да им дадеме подршка за сите неправди кои му беа нанесени на клубот.
Comments
Post a Comment