Не ни e јасно до кога со оваа реченица .. "за добро на кошарката" , дали тоа доброто предвидува и кршење на законите за спорт, имено денеска комисијата за натпреварување го закажа повторно натпреварот меѓу нашиот КК Куманово и Карпош Соколи.
Овој натпревар веќе два пати беше одложуван заради тоа што Соколите не беа пререгистрирани во акционерско друштво, кој според законот нема право да се натпреварува во Суперлига, само уште не ни е јасно зашто им комисијата на Македонската кошаркарската федерација прави отстапки кои директно удираат по законот, а и по актите и пропозициите на федерацијата.
Нашиот клуб најави жалба до арбитражната комисија, по што ќе се одлучува што и како со овој дуел.
Comments
Post a Comment