Играчи, стручан штаб, управо, навивачи, Кумановци дојдовме до крајот, зарем треба да се откажеме и да им дозволиме на скопјаните да ни слават титула во нашиот дом. Играчи секоја чест за досегашниот придонес и за сите победи и порази, им докажавте на сите што не веруваа во вас дека можете да играте и да победите. Ги средивте двете скопски екипи, третата беше на колена, едноставно не веруваа дека можевте да ги поразите на нивен терен. Се случи што се случи сега ние мораме да бркаме победа, но кумановци уште веруваат во вас.
Веруваат дека можете иако сите знаеме дека сте преуморни, дека изигравте 11 натпревари за скоро еден месец. Знаеме дека сме "кратки" со играчите на клупата, дека главните носители се уморни и исцрпени.
![]() |
| извор: gol.mk |
Ноо.. направете го последниот удар, нека падне МЗТ Скопје во нашиот дом... напревете го тоа и очекувајте го цело Куманово во Јане Сандански за мајсторката. Напишете една историја на Куманово со која ќе се гордеат сите Кумановци, а и сигурно и самите вие. Нека проработи вашиот инает. МЗТ Скопје нека падне.....

Comments
Post a Comment